Сензацијата на Светското првенство пред потпис со Фенербахче

Сензацијата на Светското првенство кое оваа година се одржа во Филипини, Индонезија и Јапонија, летонскиот репрезентативец Артурс Жагарс е мета неколку клубови кои настапуваат во најсилното кошаркарско првенство на „стариот континент“, Евролигата.

Кошаркарот роден во 2000 година имаше фантастичен настап предводејќи ја Летонија до сензационалното петто место со просек од 12.4 поени и 7.4 асистенции, место кое е големо изненадување со оглед на тоа што балтичната држава настапи без НБА ѕвездата Криштапс Порзингис.

За Жагарс постои интерес од Партизан, Басконија, Жалгирис и Фенебахче, а се чини дека Летонецот е најблиску до гигантот од Истанбул. Евролигашкиот шампион на сезоната 2016/17 му понудил тригодишен договор со тоа што младиот плејмејкер следната сезона ќе ја помине на позајмица во литванскиот прволигаш Волвс со можност за премин во Фенебахче во било кој момент.

Се вчитува...