Сензационална трампа меѓу Барселона и Манчестер Сити?

Барселона и Манчестер Сити оваа зима веќе остварија еден трансфер откако за 55 милиони евра Феран Торес го засили каталонскиот тим, а се чини дека шпанскиот напаѓач нема да биде единствениот кој ќе замине во релација Манчестер – Барселона.

Имено, англискиот и шпанскиот гигант се во преговори за директна размена на играчи во која „граѓаните“ би ги добиле Френки Де Јонг, а каталонците Емерик Лапорт, пренесуваат англиските медиуми.

Пеп Гвардиола е љубител на играта на Холанѓанецот и за него е подготвен да го загуби шпанскиот стопер, а овој трансфер би бил и во прилог на Барселона која изобилува со талентирани играчи во средниот ред, но има проблеми во стоперската линија.

Се вчитува...