Сепак Будуќност не му пуштил намерно на Борац: Јовановиќ веќе не е тренер на црногорскиот тим

Владимир Јовановиќ повеќе не е тренер на црногорскиот АБА лигаш Будуќност, потврдија од клубот. Јовановиќ заработи отказ по денешниот пораз од Борац, со кој српскиот клуб обезбеди бараж дуел за опстанок во лигата, додека МЗТ Скопје од следната сезона ќе се врати во АБА 2.

Иако имаше шпекулации во јавноста дека Будуќност им го пуштил овој меч на Борац, очигледно не било така бидејќи цената за неуспехот ја плати главниот тренер.

Будуќност регуларниот дел од сезоната го заврши на третото место во АБА конкуренцијата.

Се вчитува...