Сепак, лоша вест за Барселона: Меси има скршеница, сигурно не игра на „Ел Класико“

Барселона ќе биде без најголемата ѕвезда Лионел Меси на големото дерби, популарното „Ел Класико“, против Реал Мадрид следниот викенд на „Камп Ноу“. Сепак, повредата на рамото на Аргентинецот воопшто не е наивна, тој се здобил со фрактура на рамената коска и ќе мора да паузира најмалку три седмици.

Иако првично беше лиферувана информација дека Меси можеби ќе го пропушти само следниот меч со Интер во Лигата на шампионите, сепак, лекарскиот тим на Барселона потврди дека аргентинскиот ас има скршеница на радиусот на десното рамо.

Ова значи дека Меси нема да игра до следната репрезентативна пауза, до средината на ноември, кога би можел да се врати на теренот, доколку рехабилитацијата на рамото оди во очекуваната насока.

Се вчитува...