Сепак, не останува во клубот: Ралф Рангник целосно го напушта Манчестер Јунајтед

Иако требаше да биде селектор на Австрија и стручен консултант на Манчестер Јунајтед, сепак, Ралф Рангник потврди дека целосно ќе го напушти „Олд Трафорд“. Оваа вест ја кажал на денешната прес-конференција на Австрија.

Од Манчестер Јунајтед му се заблагодарија на досегашната соработка и му посакаа се најдобро во кариерата, и во новата улога како селектор на австриската репрезентација.

„Сакаме да му се заблагодариме на Ралф Рангник за неговата улога в.д. тренер во изминатите шест месеци. Со обостран договор, Ралф сега ќе биде фокусиран на неговата нова улога како селектор на Австрија. Му посакуваме се најдобро на Ралф во следните предизвици“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...