Сер Алекс Фергусон ќе добие споменик во Шкотска

Легендарниот шкотски тренер Сер Алекс Фергусон ќе добие споменик пред стадионот на Абердин како признание за неговиот успех со клубот кој го водеше од 1978 до 1986 година пред преминувањето во Манчестер Јунајтед.

Фергусон со шкотскиот клуб освои три титули во домашното првенство, четири Куп титули и една титула во Купот на победниците на купови.

„Воодушевен сум и навистина е чест што го добив ова признание. Во Абердин поминав фантастичен и незаборавен дел од мојата менаџерска кариера“, изјави Фергусон.

Се вчитува...