Серена и Барти рутински до осминафинале на УС опен

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња Серена Вилијамс, рутински се пласираше во осминафиналето на УС опен, откако во 3. коло со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 ја совлада чешката тенисерка Каролина Мухова.

Освојувачката на Ролан Гарос, Австралијката Ешли Барти исто така со максимални 2-0 (7-5 и 6-3) беше подобра од Марија Сакари од Грција. Барти имаше проблеми само во првиот сет кој го доби со 7-5, а во вториот со два брејка рутински ја заврши работата.

Претходно, пласман во осминафиналето забележаа и Каролина Плишкова од Чешка и Петра Мартиќ од Хрватска.

Се вчитува...