Серена славеше победа после 14 месеци

Некогашната прва тенисерка Серена Вилијамс, успеа да триумфира над Нурија Парисас Дијас со 6-3, 6-4 нас стартот од „Роџерс Купот“ во Торонто. Така Американката дојде до првата победа по враќањето на терен после 14 месеци.

Вилијамс има зад себе тежок период на враќање на тениските терени. Последната победа ја забележа во јуни 2021 година на Ролан Гарос. Вилијамс тогаш одигра само три меча, а оваа година само еден кога на стартот на Вимлбдон загуби од Тан од Франција, и беше елиминирана.

Во следното коло во Торонто, Серена ќе се сретне со победничката од дуелот Бенчиќ – Мартинцова.

Се вчитува...