Серена Вилијам и Хамилтон го купуваат Челси

Серена Вилијам и Луис Хамилтон влегуваат во трка за купување на актуелниот европски шампион Челси. Роман Абрамович мораше да го напушти кормилото на англискиот клуб поради инвазијата на Русија на Украина.

Многу имиња се поврзуваат со купување на еден од најдобрите европски клубови во последните 15 години, а во трката влегуваат и најдобрата тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс и седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон.

Вилијамс и Хамилтон сакаат заедно да вложат 26 милиони долари и да бидат дел од сопственичкиот тим предводен од британскиот бизнисмен и прв човек на „Интернешнл ерлајнс груп“, Мартин Браутон.

 

 

Се вчитува...