Серена Вилијамс стана мајка, роди девојче

Поранешната најдобра светска тенисерка, Американката Серена Вилијамс, стана мајка, откако во клиника во Флорида роди девојче. Таа за првпат стана родител заедно со својот партнер, Алексис Оханијан.

Како што информира „Си-Би-Ес“, Серена Вилијамс се породила во приватната клиника „Сент Мери“, а побарала за неа да биде изнајмен цел кат од клиниката, каде никој не би имал пристап, освен партнерот Алексис и најблиските од нејзиното семејство.

Серена Вилијамс на 20.април објави дека е бремена и официјално се повлече од тениските терени, но потенцираше дека тоа не значи и дефинитивен крај на нејзината тениска кариера, иако има 35 години.

Се вчитува...