Серхио Рамос: Ќе играм за Шпанија и со побелена брада

Серхио Рамос планира да биде капитен на шпанската фудбалска репрезентација и да ја предводи и на Мундијалот во Катар во 2022 година. По елиминацијата на Шпанија во осминафиналето од Светското фудбалско првенство, неизбежно беше прашањето за репрезентативната иднина на Рамос кој веќе има 32 години.

„Ќе одам во Катар и со побелена брада. Некои ќе си одат, некои нови ќе дојдат, но сите ќе го браниме овој дрес со страст и со почитување. Во поразот се чувствувам уште погорд што сум Шпанец“ – изјави Рамос кој потоа и на социјалните мрежи напиша дека елиминацијата е болна, но дека Шпанија ќе се врати и ќе се обиде повторно.

Капитенот на Реал Мадрид за шпанската репрезентација има одиграно 156 натпревари.

Шпанија по осминафиналната елиминација остана без Андрес Иниеста кој објави дека се простува во  националниот тим.

 

Се вчитува...