Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, има намера да остане на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до 2023 година. Иако претходно најавуваше дека можеби и би заминал во друг клуб каде ќе ја заврши кариерата, посакува тоа да го стори во дресот на „кралскиот клуб“. Раководството веќе отпочна разговори со неговите агенти за продолжување на соработката и за наредните три сезони.
Тренерот Зинедин Зидан смета дека тој и понатаму е столб на одбраната на тимот, му верува бескрајно и даде предлог за продолжување на соработката. Серхио Рамос пристигна во Мадрид во далечната 2005 година и веќе деценија и пол го носи „кралскиот дрес“. За Реал Мадрид има одиграно 440 натпревари и постигна 63 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА