Серхио Рамос пред нов рекорд во репрезентацијата на Шпанија

Серхио Рамос е на чекор од големо достигнување во репрезентативната кариера. Ако Шпанија вечерва ги совлада Фарските Острови во квалификацискиот натпревар за Европското првенство, искусниот стопер ќе стане фудбалер со најмногу победи во дресот на „црвената-фурија“.

Моментално рекордот го држи Икер Касилјас, кој има 121 победа на вкупно 167 натпревари за Шпанија. Рамос својата 122. победа може да ја достигне во 164. настап во дресот со националните бои. Следни на вечната листа се Чави Ернандез (100/133) и Андрес Иниеста (96/131).

Се вчитува...