Серија А би можела да биде комплетирана дури во октомври

Серија А мора да биде комплетирана на терен, а периодот кога тоа би било е неизвесен, би можело да треба да се одиграат заостанатите рунди и во септември и октомври. Ова е позицијата на преседателот на Италијанската федерација, Габриеле Гарвина. Во контекст на ова одат и последните најави од ФИФА дека же биде дозволено актуелнава сезона да трае неограничено за да може секоја држава да одреди кога и како ќе го комплетира првнеството.

„Ова е една од идеите. Единствениот сериозен начин да се справиме со ваквата криза е да ја завршиме сезоната 2019/20 па макар и до крајот од годинава. Работиме на серија можни решенија за да ја изменаџираме ситуацијата на најдобар можен начин. Една од хипотезите е дека би можеле да завршиме во септември или октомври. Тоа е еден од начините да не бидат загрозени и оваа, но и следната сезона“ – рече Гарвина во интервју за РАИ.

Фудбалот во Италија е суспендиран од 9. март. Земјата е во катастрофална состојба со бројката на заразени и починати од коронавирусот. Враќањето на фудбалот ќе биде сериозно компликувана задача.

Се вчитува...