Серија „А“: Брз пресврт на Фиорентина, Пашалиќ донесе триумф за Аталанта (ВИДЕО)

Фиорентина со мали проблеми, оствари триумф над Сампдорија на домашен терен. На крајот победа од 3:1, иако гостите први поведоа. Сепак, брз пресврт на домашните до крајот на полувремето за конечен триумф.

Габиадини донесе „шок“ на Артемио Франки носејќи водство за Сампдорија во 15. минута. Каљехон во 24. минута врати за 1:1, а Влаховиќ во 32. минута донесе водство на Фиорентина. Во 45. минута Сотил погоди за 3:1. Вториот дел немаше промени на резултатот.

Во вториот меч, Аталанта оствари лесна победа над Венеција. Хет-трик на Пашалиќ и еден гол на Копмајнерс за убедливи 4:0.

Пашалиќ погоди во 8. минута, а истиот играч во 12. минута зголеми на 2:0Копмајнерс во 57. минута донесе 3:0, за точка на мечот да стави Пашалиќ со хет-трик во 67. минута.

Се вчитува...