Серија А нема да продолжи во предвидениот рок, се прекинува сезоната!?

Со оглед на тешката ситуација со коронавирусот во Италија и се поголемиот број заразени фудбалери, извесно е дека Серија А нема да продолжи за брзо време.

Првичниот рок за продолжување на натпреварите беше 3. април, но италијанските медиуми пренесуваат дека продолжувањето на Серија А ќе се оддолжи најмалку за уште еден месец. А, во суштина сето тоа може да значи и прекин на сезоната.

Според најавите, клубовите на тренинзите би требало да се вратат за околу две недели. При еден таков развој на настаните, а доколку сезоната продолжи на почетокот на мај, тогаш од Серија А најавуваат дека ќе се обидат да ја завршат сезоната најдоцна до 30 јуни. Сето тоа и доколку се случи очекуваното одложување на ЕП 2020 од страна на УЕФА.

УЕФА се очекува на утрешниот состанок да го одложи Европското првенство 2020 за декември оваа година, или можеби јуни следната година.

Се вчитува...