Сериозни проблеми во Реал: Перез договорил голем трансфер, Зидан не сака ни да чуе

Очигледно недоразбирањата меѓу првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан се продлабочуваат од ден на ден. На последниот состанок меѓу двајцата се разговарало за засилување во средниот ред.

Зидан не се откажува од идејата за ангажман на Пол Погба од Манчестер јунајтед, иако тоа се чини крајно нереално. Причина за тоа е цената која Манчестер ја постави за Французинот.

Токму поради тоа Перез ја активирал резервната варијанта и веќе го договорил трансферот на Кристијан Ериксен од Тотенхем. Но, Зидан за тоа не сака ни да чуе. Како што пренесуваат шпанските медиуми, имало сериозна караница меѓу Перез и францускиот стратег на темата Ериксен. Зидан побарал од Перез или да го доведе Погба или не треба никој друг до крајот на преодниот рок.

Се вчитува...