Серж Ибака е најбараниот играч во НБА

Серж Ибака оваа предсезона е најбараниот слободен агент во НБА лигата. Пристигна во Торонто во 2017 година, беше и еден од клучите играчи во походот кон титулата во 2019 година, а сега би можел да го напушти канадскиот состав.

За услугите на Шпанецот се заинтересирани минатогодишните финалисти, Лејкерс и Мајами, меѓутоа оваа листа е долга и на неа се набројуваат и Клиперс, Селтикс, Далас и Портланд. Како опција за центарот се јавува и продолжување на договорот со Торонто.

31-годишниот Ибака е добро познат по својата игра во дефанзивата. Трипати беше во идеалната одбранбена петорка на НБА лигата, а во два наврати беше најдобар блокер на сезоната. Претходната сезона бележеше просек од 15.4 поени и 8.2 скока во регуларниот дел од сезоната, додека во плејофот неговите бројки беа 14.8 поени и 7.7 скока по натпревар.

Се вчитува...