Сестрата на Роналдо направи хаос: Сите одеднаш заборавија да додаваат

Врие во португалската репрезентација по слабото издание и ремито во првото мундијалско коло против Конго. И додека голем дел од јавноста вината ја насочува кон Кристијано Роналдо обвинувајќи го големиот ас за себичност, дополнителен хаос создаде неговата сестра Катја Авеиро, која јавно ги критикуваше останатите португалски ѕвезди…

Таа преку објава на социјалните мрежи ги обвини останатите репрезентативци дека не го проигрувале нејзиниот брат, кој очекувано е претставен како „жртва“ од својата сестра.

„Со некоја магија, одеднаш сите заборавија како се додава. Никој веќе не знае како да освои топка, да тргне во контранапад. Мечот се претвори во додавања наназад на средината од теренот. Чудно светско првенство… многу чудно“, напиша Катја Авеиро.

Се вчитува...