„Сетете се на Модриќ“ – англиска ѕвезда во одбрана на „промашувањето“ од 125 милиони евра

Флоријан Вирц од бројните понуди изминатото лето се одлучи да ја прифати онаа на Ливерпул каде оствари трансфер вреден 125 милиони евра. Неговото пристигнување на „Енфилд“ предизвика еуфорија кај навивачите, но страстите брзо спласнаа по почетокот на сезоната.

Германскиот репрезентативец не е ни блиску до нивото кое го покажа во Баер Леверкузен па постојано е мета на критичарите. Во негова одбрана сега пак застана Дејвид Бентли, поранешната премиерлигашка ѕвезда кој го спореди Германецот со Лука Модриќ на неговите почетоци по трансферот во Тотехем.

„Тој е неверојатен играч, многу талентиран. Навивачите и стручниот штаб мора да застанат зад него. Да, тој е потполно ист како Модриќ. И Модриќ кој стигна во Премиерлигата беше ист по начинот на кој ја примаше топката, го скенираше теренот… знае што прави. Беше неверојатно технички надарен фудбалер, и двајцата можат да наметнат тон и темпо на фудбалски натпревар. Затоа,, морате да му дадете поддршка “, изјави Бентли.

Се вчитува...