Сетиен ја презеде командата на „Камп Ноу“ (ФОТО)

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен, веќе е на новото работно место. Веднаш ја презеде командата и по официјалното претставување ќе ги одржи првите тренинзи со каталонскиот тим во базата „Тито Виланова“. Двојна програма за Лионел Меси и соиграчите, да се запознаат подобро со новиот стратег и да продолжат во силен ритам.

Сетиен доби договор до 2022, но сепак ќе зависи од постигнатите резултати. Клазулата која Барселона ја стави во договорот е дека единствено шампионската титула ќе го продолжи престојот на тренерот на „Камп Ноу“.

Барселона в недела ќе ја пречека Гранада на домашен терен.

 

Се вчитува...