Сетиен: Овој пораз нема огромно значење за Барселона

Барселона загуби на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0 од Реал Мадрид, а тренерот Кике Сетиен, многу интересно, вели дека овој пораз нема огромно значење за каталонскиот клуб. Сепак, Реал Мадрид повторно е на врвот и има еден бод предност пред Барселона во Ла Лига.

„Овој пораз нема огромно значење за Барселона. Има уште многу да се игра до крајот на првенството и секако ќе има промена на врвот. Игравме одлично во првото полувреме, но во вториот дел тие беа подобри од нас. Ќе работиме и ќе се подобриме“, изјави Кике Сетиен по поразот од Реал Мадрид.

 

Се вчитува...