Сетиен се соживеа со улогата, фудбалерите бесни на него

Кике Сетиен ја доби најголемата задача во кариерата, да ја води Барселона по отказот на Ернесто Валверде. Тој пред две недели беше претставен за нов тренер на Каталонците, по лошите настапи кои ги имаше тимот со неговиот претходник, Валверде.

За многу беше изненадување што искусниот стратег седна на клупата на еден од најтрофејните клубови во светот. Од раководството велат дека веруваат во неговата работа, но работите не одат баш најдобро за Сетиен. Тој минатото коло во Ла лига загуби од Валенсија со 2-0. Каталонските медиуми пишуваат дека ситуацијата во екипата не е најдобра и многу играчи не ги сакаат промените кои тој ги воведе. Имаат помалку слободни денови и не смеат да пропуштат ниту еден тренинг.

Некои од фудбалерите признаа и дека не им одговараат новите улоги во тимот, дека не знаат точно на која позиција треба да играат, бидејќи Сетиен не знае добро да ги претстави своите замисли.

Се вчитува...