Севиља продолжува да му дише во врат на Реал, победа на гости кај Кадиз (ВИДЕО)

Тимот на Севиља успеа да обезбеди тесна победа над незгодниот Кадиз во рамки на 19. коло од шпанската Ла Лига. Откако првото полувреме заврши без голови, натпреварот се решаваше во вториот дел, минути кои припаднаа на гостите за големи три бода.

Лукас Окампос ја донесе победата во 58. минута, а овој единствен погодок се покажа како сосема доволен за мисијата – враќање на победите, по ремито со Барселона во претходното коло.

Севиља сега има 41 бод и се доближи на 5 поени зад лидареот на табелата, Реал Мадрид.

 

 

Се вчитува...