Севилја добива големо засилување во битката за титула во Шпанија?!

Севилја во моментот е единствениот клуб кој му парира на Реал Мадрид за титулата во шпанското првенство со шест бода заостанување и натпревар помалку во однос на „кралскиот клуб“. Покрај тоа шпанскиот состав во вториот дел од сезоната ќе се натпреварува и во Лига Европа па во зимскиот прeоден рок ќе цели на нови засилувања.

Еден од нив е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал кој по враќањето на Кристијано Роналдо го загуби своето место во составот па се наоѓа пред излезните врати на „Олд Трафорд“. Севилја воедно е и изборот на 26-годишниот Французин кој во шпанскиот клуб гледа место за голема минутажа и дополнителен напредок во кариерата.

Договорот на напаѓачот со „црвените ѓаволи“ истекува летото 2024 година па јасно е дека шпанскиот тим ќе мора да издвои средства за негов ангажман. Трансфермаркт го проценува францускиот репрезентативец на 35 милиони евра, но со оглед на големите примања и незадоволството очекувањата се дека трансферот ќе биде околку 25 до 30 милиони евра.

Се вчитува...