Севилја го доби градското дерби со Бетис и им дише во врат на Барса, Реал и Атлетико

Севилја славеше победа (1-2) во градската пресметка против Бетис и се искачи на четвртата позиција на табелата во Ла Лига со 24 бода. Тимот на Хулен Лопетеги има бод помалку од Барселона и од Реал Мадрид, и идентични бодови со Атлетико Мадрид.

Лукас Окампос во 13.минута ја доведе Севилја во водство на овој натпревар, а израмни Лорен пред самиот крај на првиот дел. Сепак, Лук Де Јонг донесе триумф за Севилја со погодокот во 55.минута.

Се вчитува...