Севилја и Вилјареал ги поделија бодовите

Севилја и Вилјареал ремизираа со 1-1 во 15. коло од шпанското првенство во натпревар во кој мрежите мируваа во првото полувреме, а двата гола беа постигнати за само две минути.

Во 75. минута Салас донесе водство за Севилја од 1-0, но славјето на домаќините траеше само до 77. минута кога Моралес погоди за конечните 1-1.

И двата тима имаат сезона за заборав во која се мачат да ја пресликаат славата од минатото. Вилјареал со 16 бодови е на 12. место, додека со три бода помалку Севилја е на 15. место.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...