Севилја ја освои Баскија – евроголот на Дилејни доволен за три бода во Билбао

Севилја се зацврсти на второто место на табелата во Ла Лига откако избраниците на тренерот Лопетеги вечерва стигнаа до цел плен на тешкото гостување против Атлетик Билбао (0-1).

Како пресуден се покажа евроголот што го постигна данскиот репрезентативец Дилејни, кој од дваесетина метри мааестрално ја смести топката во горниот агол од мрежата на Атлетик. Искусниот состав на Севилја потоа со дисциплинирана игра успеа да ја задржи минималната предност, претворајќи ја во триумф и три бода.

Севилја останува на второто место на табелата со вкупно 34 бода, пет помалку од лидерот Реал Мадрид и четири повеќе во однос на третопласираниот Бетис.

Се вчитува...