Севилја пак не победи – со реми не се стигнува до титула

Севилја е се подалеку од титулата во шпанската Ла Лига откако избраниците на тренерот Лопетеги одиграа само 0-0 на гостувањето против Алавес. Ова беше четврто реми за Севилја во последните шест кола, по што оваа екипа сега има пет бода заостанување, но и натпревар повеќе во однос на првопласираниот Реал Мадрид.

Фудбалерите на Севилја постигнаа гол во раната фаза на мечот преку Ен Несири, но беше поништен поради офсајд. Цврстата игра и малиот број на шанси се заштитен знак на „црвено-белите“ и оваа сезона, но гостите сепак создадоа зицер пред самиот крај, кога Мунир од пет метри не успеа да ја смести топката во мрежата по одличното додавање на Кунде.

Алавес со ова реми сега има 22 бода и го прескокна Кадиз на 18. место на табелата, но се уште се наоѓа во зоната за испаѓање од шпанската фудбалска елита.

Се вчитува...