Севилја подобра од Мајорка, без Трајковски во составот

Севилја ја совлада Мајорка на гости со 0-2 и се искачи на третата позиција на табелата во Ла Лига со 34 бода, два помалку од Барселона и од Реал Мадрид. Диего Карлос во 20.минута го доведе тимот од Андалузија во водство, а Евер Банега од пенал во 63.минута го постави конечниот резултат.

Александар Трајковски не беше во составот на Мајорка на овој меч. Тимот се наоѓа на 17.позиција на табелата, веднаш над опасната зона.

Се вчитува...