Севилја посрамотена од Еибар: Од 0-2 до пораз од 3-2… (ВИДЕО)

Севилја прокоцка триумф против Еибар и можност за продолжување на битката за врвот во Ла Лига со Реал Мадрид, откако во 6. коло срамно загуби (3-2) со голем пресврт иако имаше и предност од 0-2 на гостувањето против Еибар.

Гостите одлично го почнаа мечот со два погодоци во првото полувреме. Најпрво уште во 11. минута погоди Окампос…

А, во 33. минута Торес веќе зголеми на 0-2…

Но, домашните во второто полувреме успеаја да стигнат до израмнување. Најпрво од пенал во 65. минута намалија на 1-2, а во 77. минута Леон израмни на 2-2. Коте во 82. минута ги постави конечните 3-2.

Се вчитува...