Севилја преку Гранада до третото место во Ла Лига

Севилја ја совлада Гранада со 2-0 на домашен терен и се искачи на третата позиција на табелата во Ла Лига со 38 бода. Тимот на Хулен Лопетеги ја заврши работата во првото полувреме.

Лук де Јонг постигна водечки погодок во 11.минута, а Нолито во 34.минута зголеми на 2-0. Гранада немаше сили да возврати и по овој пораз останува на 12.позиција со 27 бода.

Се вчитува...