Севилја ремизираше со Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Севилја и Атлетик Билбао одиграа без победник 1-1 во натпревар  од 19. коло во шпанската Ла лига. Гостите поведоа со голот на Андер Капа во 15. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме трагичар за тимот од Баскија беше Унаи Нуњез кој во 60. минута си постигна автогол, со кој и донесе бод на Севилја.

Тимот од „Санчез Пискуан“ останува трет на првенствената табела со 35 освоени бода, односно четири помалку од првопласираната Барселона. Билбао е седми со 29 бода.

Во првиот натпревар во Ла лига за оваа 2020 година Леганес и Валјадолид одиграа без победник 2-2.

 
Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...