Севилја само до реми со Осасуна: Губи здив за трка со Барса и Реал… (ВИДЕО)

Севилја не успеа да дојде до посакуваната победа на гостувањето против Осасуна во 16. коло од Ла Лига. Останува на тој начин сега со дополнително бодовно заостанување зад водечките Барселона и Реал Мадрид во трката за врвот.

Севилја ремизираше (1-1) и покрај тоа што поведе уште во 11. минута со голот на Ел Хадади.

Сепак, домашните успеаја да израмнат со голот на Чими Авила во 45. минута.

Севилја сега со 31 бода е на три бода од Реал Мадрид и Барселона кои имаат и натпревар помалку.

Се вчитува...