Севилја се извлече против нисколигашот Андрач, Рајо без Димитриевски до победа против Бергантињос (ВИДЕО)

Севилја успеа да избегне вистински срам откако дури по изведување на пенали славеше над нисколигашот Андрач во 1/16 финалето од „Купот на кралот“. Гостите дојдоа до водство со голот на Мир во 57. минута, а домаќините девет минути подоцна израмнија преку Љабрес.

Нисколигашот успеа да се одбрани до крајот и да го одведе мечот во пенал. Таму некако гостите успеаја да се извлечат и да триумфираат со (5-6).

Рајо Валјекано без поголеми проблеми славеше над Бергантињос со 1-3. Стрелци на головите за тимот од Мадрид беа Суарез, Сис и Морено. Столе Димитриевски натпреварот го помина на клупата за резерви, бидејќи во „Копа дел реј“ на голот е Лука Зидан.

 

 

Се вчитува...