Севилја се „лизна“ на гостувањето кај Еспањол

Севилја одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Еспањол во натпревар од 25. коло во шпанската Ла лига. Гостите подобро го отворија натпреварот и стигнаа до водство од 0-1 со голот на Рафа Мир во 37. минута.

Во вториот дел домашниот тим заигра подобро и веќе во 50. минута беше 1-1 откако стрелаше Дардер. До крајот за издвојување е вториот жолт картон кој го доби Жил Кунде во 76. минута, по што беше веќе јасно дека Севилја нема да дое до полн плен на ова гостување.

Со ремито против Еспањол, Севилја сега заостанува шест бода зад лидерот на табелата Реал Мадрид, додека Еспањол останува 14. со 29 освоени бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...