Струга ТЛ и Македонија ЃП одиграа без победник (1-1) на стартот од пролетниот дел од првенство.
Еден од најдобрите фудбалери на стружани, Бунјамин Шабани вели дека сето ова е само почеток на пролетниот дел низ кој ќе има повеќе од возбудливи натпревари во трката и за водечките позиции на табелата, и за опстанок.
„Како течеа работите на терен, нема да кажам дека имавме среќа да извлечеме бод, со оглед на тоа што и имавме шанси да постигнеме гол и да го добиеме натпреварот. Во секој случај тврд натпревар, со многу борба… Ова е само почеток, а верувам дека од натпревар на натпревар оваа пролет ќе бидеме многу подобри” – вели Шабани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА