Шах-мат: Дете од 10 години го шокираше Магнус Карлсен

Светскиот шах има ново „чудо од дете“, Фаустино Оро може да се пофали дека на десетгодишна возраст успеал да го победи Магнус Карлсен, најдобриот шахист на денешницата.

Мечот беше одигран како дел од “Bullet Brawl 2024”, турнир за ултра-брзи шаховски мечеви што се играат онлајн, на кој Карлсен традиционално учествува. Тој беше главен фаворит и годинава, но остана шокиран по поразот од десетгодишниот Аргентинец Фаустино, кој веднаш го доби прекарот „шаховскиот Меси“ во својата татковина.

Карлсен направи голема грешка што детето ја забележа и максимално ја искористи, по што Норвежанецот беше принуден на капитулација.

Фаустино Оро на крајот го освои 21. место во конкуренција на 156 шахисти, пласман што ќе му овозможи значителен напредок на шаховската ранг-листа на која моментно се наоѓа на 3263. место.

Се вчитува...