Младиот играч на Шахтјор, Михајло Мудрик може да го направи најголемиот трансфер оваа зима. Арсенал сериозно се интересира за крилниот фудбалер на украинскиот тим, и тргна по него со 60 милиони евра. Арсенал понуди 40 милиони евра веднаш, и дополнителни 20 милиони евра низ бонуси.
Сепак, тимот од Доњецк не сака да чуе за таа сума, односно бара дополнителни 40 милиони евра, или 100 милиони за услугите на својот фудбалер. Засега нема договор од двете страни, но Арсенал ќе продолжи да притиска за да го добие украинскиот фудбалер, кого го сметаат за „новиот Шевченко“.
За Арсенал се споменува и можен трансфер на Жоао Феликс, со што „топчиите“ би направиле силен тим во битката за трофејот во Премиерлигата со Манчестер Сити.
Ливерпул го повлече првиот потег на трансфери во Премиерлигата, ангажирајќи го Коди Гакпо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА