Шакира има нова љубов: Го замени Пике со поранешна НБА-ѕвезда

Светската поп-ѕвезда Шакира повторно е актуелна кај таблоидите, и тоа повторно со момче поврзано со спортот. Колумбијката која има 49 години беше во брак со фудбалерот Жерар Пике со кого има и две деца, тие се разведоа уште пред неколку години поради неверство на екс-играчот на Барса, а Шакира подолго време беше без посериозна врска.

За сега повторно да најде спортист, и тоа повторно значително помлад од неа. Поранешниот НБА-шампион Серж Ибака е новата љубов на Шакира, откриваат извори блиски до колумбиската поп-ѕвезда.

Станува збор за 37-годишен кошаркар кој своевремено беше шампион во НБА со тимот на Торонто, во меѓувреме настапуваше за селекцијата на Шпанија, а кариерата ја заврши во Европа, како член на Реал Мадрид. Тој останал да живее во Мадрид и по завршувањето на кариерата, каде се запознал со Шакира преку заеднички пријател.

Гласините се појавиле пред повеќе од еден месец, но добиле потврда откако двојката била видена заедно на неколку настани на Модната недела во Париз.

Спортистите дефинитивно и се слаба страна на големата музичка ѕвезда…

Се вчитува...