Шаќири: Во минатото плачев поради Роналдо, но и имиџот го копирав од него

Крилниот офанзивец на Ливерпул, Џердан Шаќири во интервју за англиските медиуми открива дека Бразилецот Роналдо бил неговиот единствен вистински фудбалски идол.

Шаќири дели дека во минатото, кога уште фудбалски растел, плачел и се радувал поради Роналдо, но и го копирал неговиот имиџ, посебно оној од Светското првенство во 2002 година.

„Единствен мој вистински идол бил само Роналдо. Го обожавав, па и фризурите ги правев како него. Ако се сеќавате на онаа негова фризура од 2002 година. И јас ја имав таа, па сите на училиште беа шокирани кога ме видоа. Поради Роналдо плачев секогаш кога ќе загубеше Бразил или неговиот тим каде игра. Многу плачев кога Бразил загуби од Франција во финалето на Светското првенство 1998 година. Но, не поради Бразил туку само затоа што ми беше жал за Роналдо“ – вели Шаќири.

Се вчитува...