Шакота си замина од Црвена Звезда, се е подговено за Обрадовиќ

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда во новата сезона ќе влезе со нов тренер, откако беше објавено дека Драган Шакота нема да продолжи да ја извршува оваа функција. Шакота дојде на клупата на „црвено-белите“ на средина од минатата сезона, како замена за Милан Томиќ.

Господин Шакота веќе нема да биде тренер на Црвена Звезда, таков беше нашиот договор. Морам да кажам дека Шакота дојде во еден тежок момент за нашиот клуб, кога една група на тренери ја одби нашата понуда, а сега сака да седи на клупата на Црвена Звезда“, изјави првиот човек на српскиот кошаркарски гигант, Небојша Човиќ.

Со заминувањето на Шакота, веќе нема пречка за Црвена Звезда за свој тренер да го именува Саша Обрадовиќ. Српскиот стратег самиот ја плати клаузулата за раскин на договорот со Монако само за да добие зелено светло за враќање во татковината, па се очекува да потпише тригодишен договор со „црвено-белите“.

Се вчитува...