Шалке го избра и четвртиот тренер за оваа сезона

Кристијан Грос е изборот на управата на Шалке за нов тренер на овој клуб, кој ќе се обиде да го спаси клубот од Гелзенкирхен во битката за опстанок во германската фудбалска елита. „Сино-белите“ играат катастрофално цела сезона, се уште се без победа во Бундес-лигата, што придонесе неодамна да му биде врачен отказ на Михаел Баун.

Како привремено решение беше вратен Хуб Стевенс, а по последниот пораз на домашен терен експресно да се реагира и да биде доведен 66-годишниот Грос. Претходно, сезоната на клупата на Шалке ја почна Давид Вагнер.

„Следните пет месеци ќе бидат целосно насочени кон опстанок во Бундес-лигата. Кристијан Грос низ својата кариера има докажано во Бундес-лигата и во Англија има докажано дека е подготвен за вакви предизвици“, изјави спортскиот директор на Шалке, Јокен Шнајдер.

Грос, кој во последните години работеше во Саудиска Арабија и Египет, ќе дебитира на клупата на Шалке на 2 јануари, кога овој тим во Берлин ќе му гостува на составот на Херта.

Се вчитува...