Шалке последен до билет за полуфиналето од Купот на Германија

Шалке по голема битка успеа да слави над Волфсбург со 1-0 во четвртфиналето од Купот на Германија, стигнувајќи до последниот полуфинален билет за ова натпреварување. Бургшталер беше стрелец на единствениот погодок по само десетина минути игра, гол што се покажа доволен за пласман во полуфиналето откако и двата тима пропуштија свои шанси во остатокот од натпреварот.

Пред Шалке, пласман во полуфиналето од Купот на Германија обезбедија и екипите на Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Ајнтрахт.

Се вчитува...