Шалке потклекна во 94. минута во Волфсбург

Многу интересен натпревар се одигра попладнево во Волфсбург, каде Шалке загуби на гостувањето против Волфсбург со 2-1, со гол примен во судиското продолжение. Бенталеб беше стрелец на погодокот за изамнување во самиот финиш, со што се чинеше дека актуелниот вицешампион ќе се спаси од пораз на стартот од сезонава. Сепак, со десетмина на теренот (исклучен беше Настасиќ кон средината на второто полувреме) Шалке потклекна буквално во последните секунди, кога Гинчек го постигна голот за победа на Волфсбург.

Херта со голот на Ибишевиќ ја отвори сезоната со триумф на домашен терен над Нирнберг, а гостите имаат за што да жалат со оглед на промашениот пенал на Ишак во 84. минута.

Вердер не ја оправда фаворитската улога на дуелот со Хановер, едвај успевајќи да избегне пораз на стартот на сезоната (1-1). Пизаро промаши зицер за домаќините, по што гостите експресно казнија и поведоа преку Вајдант, за Вердер до крајот само да спаси бод со голот на Гебре Силасие.

 

Резултати Германија: 

Фрајбург – Ајнтрахт 0-2, Вердер – Хановер 1-1, Волфсбург – Шалке 2-1, Херта – Нирнберг 1-0, Фортуна – Аугсбург 1-2.

Се вчитува...