Шампионот изненаден од Шарлот, Филаделфија и Кливленд ја одбранија честа на гостите

Само две гостински победа во синоќешните седум натпревари во НБА Лигата. Филаделфија успеа да го победи Хјустон како гостин, Кливленд „тесно“ славеше над Сакраменто, а во другите мечеви „царуваа“ домашните екипи.

Кошаркарите на Шарлот ја совладаа екипата на Милвоки Бакс на свој паркет со 103-99. Младата екипа на Хорнетс приреди вистинско изненадување со тоа што беше подобар од првакот. Во меч во кој имаа и падови и подеми и двете екипи низ текот на мечот, како и пресврти, на крајот Хронетси дојдоа до 22. победа во сезоната. Тимот од Северна Каролина до победата го водеа Розир со 27 и Бол со 23 поени. Не беа доволни за Бакси Мидлтон и Адетокумбо кои постигнаа 27, односно 26 поени.

Џоел Ембид имаше одново импресивна партија, откако со 31 поен беше најефикасен во редовите на Филаделфија во победата на гостувањето кај Хјустон. Исто толку поени постгинаа и Ар-Џеј Берет во триумфот на Њујкорк против Спарс во „Медисон Сквер Гарден“.

Детроит на свој паркет ја изненади Јута, победувајќи ја со 126:116. Младите Беј и Канингем со по 29 поени беа најдобри стрелци на Детроит, и најзаслужни за овој триумф.

Неизвесно беше на натпреварите Бостон – Индијана и Сакраменто – Кливленд. Бостон славеше над Пејсерс дури по продолженијата, додека Кливленд во финишот успеа да ја одбрани предноста и да слави со 108:109 на гостувањето кај Сакраменто. Иако имаа десет поени предност пред самиот финиш, сепак, домаќините успеаја до крајот само да стигнат до минимален пораз.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Милвоки 103:99
Детроит – Јута 126:116
Бостон – Индијана 101:98 (по продолженија)
Њујорк – Сан Антонио 111:96
Хјустон – Филаделфија 99:111
Порталанд – Бруклин 114:108
Сакраменто – Кливленд 108:109

Се вчитува...