Шампионот Милвоки триумфално во Бруклин, извонредна партија на ДеРозан за триумф на Чикаго (ВИДЕО)

Шампионот Милвоки по продолжение славеше со 119-120 во Бруклин во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Јанис Адедукомбо погоди тројка за продолжение, а потоа и две слободни фрлања за победа на три секунди пред крајот. Кевин Дурант во двата случаи имаше можност да врати, но не успеа.

Адедукомбо мечот го заврши со 44 поени, 16 скока и шест асистенции, а Нетс беа предводени од Дурант со 26 поени, 11 асистенции и седум скока, како и Кајри Ирвинг со 25 поени. Милвоки и натаму е во неверојатна тесна трка за самиот врв на Истокот, од каде веројатно испаѓа Филаделфија по шокантниот пораз од Детроит со 102-94.

Џоел Ембид беше на МВП-ниво со 37 поени и 15 скока, но потфрли Џејмс Харден кој на патот до 18 поени имаше 4/15 од игра и 2/9 за три поени.

Чикаго славеше против ЛА Клиперс со 135-130, преводени од ДеМар ДеРозан кој постигна 50 поени.

Јута славеше против ЛА Лејкерс, кои беа без Леброн Џејм и Ентони Дејвис, со 122-109. Донован Мичел постигна 29 поени за Јута, а Руди Гоберт 25 поени и 17 скока, додека Лејкерс беа предводени од Расел Вестбрук со 24 поени и Двајт Хауард со 21 поен и 12 скока.

Се вчитува...