Шампионот на Европа не го дава тренерот – Тухел во Челси до 2024

Челси се мачеше на почетокот на сезоната под водство на Франк Лампард, но со доаѓањето на Томас Тухел на клупата, „сините“ од Стемфорд Бриџ доживеаја вистинска ренесанса, освојувајќи ја Лигата на Шампионите, а притоа изборувајќи и место во натпреварувањето за следната сезона преку домашното првенство.

Клубот денеска и официјално ја продолжи соработката со Германецот до 2024 година. Тухел ќе има слобода во летниот период да го состави тимот по своја желба, најверојатно ќе биде донесен нов напаѓач, играч од средниот ред и еден дефанзивец, а ќе има серија на заминувања од Лондон.

Се вчитува...