Шампионска мотивација за младите репрезентативци (ФОТО)

Успесите на Шабан Трстена се досега неповторени во историјата на македонскиот спорт и секако се мотивација за младите генерации. Денешната манифестација на легендарниот боречки ас се одржа во хотелот „Александар Палас“, кој е и база на младата фудбалска селекција до 21 година, па младите фудбалери добија вистинска шампионска мотивација.

Фудбалерите се подготвуваа за денешниот дуел со Казахстан (14.30 часот) на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да стигнат и до третата победа во овој квалификациски циклус.

Се вчитува...