Шампионски пресврт на Ливерпул

Ливерпул стигна до третата победа во новата сезона од Премиер – лигата совладувајќи го Арсенал со 3-1 на „Енфилд Роуд“. Тимот на Јирген Клоп покажа шампионски карактер и со пресврт успеа да стигне до триумф.

Александре Лаказет во 25.минута го доведе Арсенал во водство по големат грешка на дефанзивецот на Ливерпул, Ендрју Робертсон. Но, Ливерпул веднаш реагираше, израмни со голот на Садио Мане во 28.минута, а потоа Робертсон се извлече за грешката со водечки гол во 34.минута.

Лаказет имаше можност за израмнување, но не успеа да реализира, а Диого Жота во завршницата ја потврди победата на Ливерпул во 88.минута постигнувајќи го првиот гол во дресот на новиот клуб.

Ливерпул има максимални девет бода по три кола, а Арсенал го забележа првиот пораз.

Се вчитува...